(ВИДЕО) Степановски: Расипништвото кое го манифестира власта турка кон дното, парите се трошат без никаква одговорност

Од:

„Законот за јавни набавки вели – „Ако избраниот понудувач се откаже од склучување или извршување на договорот, договорниот орган може да го склучи со следниот рангиран понудувач или да ја поништи постапката“.

Дали новото раководство на РЕК Битола постапило по законот и се обидело да склучи договор со второ рангираниот економски оператор? Кој бил второ рангиран и колкава е неговата понуда?

Дали и колку таа понуда се разликува од понудата што е прифатена при договорот во четири очи“, праша Горан Степановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали се вистинити наводите во медиумите дека цената која ќе ја плати РЕК Битола за гигаџул ископан јаглен ќе биде двојно поголема од цената за која досега бил вршен ископот?

Граѓаните се загрижени и се прашуваат каде ќе заврши разликата во цените? Кој ќе профитира од скапите бизнис зделки на власта? Државата и граѓаните сигурно не!

Ваквите бизнис зделки се на директен товар на граѓаните. Цената за поскапиот ископ не го плаќа СДСМ, го плаќаат граѓаните на Република Македонија.

Неодговорноста на власта е очевидна. Од трите милиони евра кои се одвојуваат за ископот на јаглен, со добро менацирање на средствата и почитување на законските процедури можеше да се останат пари и за некој нов инфраструктурен проект. Нема инвестиции во образованието, здравството, инфраструктурата, нема повисоки плати, пензии и социјална помош. Нема пари за младите и претприемачите. Парите на граѓаните се трошат на скапи јавни набавки склучени во четири очи.

На виделина излегува која беше вистинската намера на власта со укинувањето на Советот за јавни набавки. Без Советот нема критериуми. Без Советот критериумите се местат по желба на власта.

СДСМ го укина Советот за јавни набавки и со тоа го укина единствениот контролен механизам. Советот кој беше заштита од секакви малверзации очигледно му пречеше некому од врвот на власта.

Расипништвото кое го манифестира власта не турка кон дното. Парите на граѓаните се трошат без никаква одговорност. Ветуваа живот донесоа беда“, изјави Горан Степановски.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче