Нереално е да се очекува дека долгови што се пластеле десет години некој ќе може да ги врати за една година. Многу училишта имаат блокирани сметки и наследени долгови, но буџетот на МОН е лимитиран, изјави министерката за образование и наука Рената Дескоска.
Најголем проблем е долгот за потрошена електрична енергија.
Се обидуваат, рече, да направат репрограмирање на долгот што ќе значи договор за одложено исплаќање на долговите за да нема исклучување струја во училиштата и во студентските домови.