Во соработка со „Еventbaxx“ од Германија, „Виз Ер Скопски маратон“ оваа година воведува иновативен новитет, дигитален стартен пакет. Организаторите на маратонот велат дека на овој начин спонзорите, тркачите и животната средина, сите ќе имаат придобивки од новиот концепт, кој се спроведува низ целиот свет.
„Концептот, заснован на „Еventbaxx“ и „Виз Ер Скопски“ маратон, ќе се фокусира на одржливост и дигитализација. Главната цел ќе биде потполното задоволување на потребите на учесниците. „Eventbaxx“ ги заменува флаерите и други хартиени материјали. Така, Виз Ер Скопски маратон и спонзорите ќе можат директно да им се обратат на сите учесници. Секој тркач на својата емаил адреса добива дигитален пакет кој вклучува корисни информации за трката и понуди од спонзорите. Промоциите презентирани во дигиталниот пакет се со висока додадена вредност за сите тркачи. Проектот за одржливост и намалување на користењето на хартија совршено се вклопува во концептот на „Виз Ер Скопски маратон“ за намалување на емисиите на стакленички гасови и за зачувување на животната средина“, информира организаторот.
Пријавувањето за „Виз Ер Скопскиот маратон“ е во тек и на 28 февруари истекува третиот бран на пријавување. За повеќе информации може да се посети страната: www.skopskimaraton.com.mk