Македонската Асоцијација на интернационални водичи во планина (МАИВП) и претставници на Меѓународната унија за водичи во планина денеска во Охрид ќе информираат за професијата водич во планина според меѓународниот стандард IML (International Mountain Leader) и неговото значење за безбедноста и квалитетот на туристичкиот производ.
Од Асоцијацијата наведуваат дека експертски мониторинг на зимската обука од 15 до 18 февруари на Попова Шапка спровела техничката комисија за контола на работењето и спроведувањето на стандардот IML. Мониторингот го спровела тричлена експертска група од Меѓународната унија за водичи во планина.
На настанот ќе присуствуваат и дел од членовите на експертската група.