Во организација на Факултетот за безбедност-Скопје денеска ќе се одржи научна стручна дебата на тема „Демократските стандарди и практики во следењето на комуникациите и функционален безбедносен систем”.
Целта на дебатата е детално разгледување на Предлог-законот за следење на комунициите и Предлог-законот за оперативно-техничката агенција кои се во собраниска процедура, со посебен осврт на механизмите за контрола на следење на комуникациите и за нивната функционалност и обезбедување на ефикасност на системот во борбата против организираниот криминал, корупцијата и делата против државата, како и пред се почитување на човековите права и слободи и Уставот на Република Македонија.
На дебатата ќе присуствуваат претставници на безбедносниот, разузнавачкиот, контраразузнавачкиот систем, судските, истражните органи, други претставници од државните институции, академската заедница, граѓанскиот сектор…