(ВИДЕО) Кавалиновски: Собрани сме да го искажеме револтот против оваа власт

Од:

„Сите ние сме овде собрани за да го искажеме револтот против оваа власт на Никола Груевски и фамилијата. Сите ние имаме по некоја мака, сите ние сме дискриминирани, омаловажени и понижени од оваа власт, затоа што не размислуваме како нив“, рече Љупчо Кавалиновски.

Вечерва, рече, јас пред вас сакам да ја искажам мојата мака и да ја споделам со вас.

Бев вработен во Хотел Молика на работно место – самостоен референт по набавки со шести степен на стручно образование. Откако ја презеде власта ВМРО ДПМНЕ, неколку пати ми го менуваа работното место се пониско и пониско.

Последното работно место во хотел Молика ми беше – Ракувач на погонска станица.

Почитувани присутни, точно во хотел Молика по систематизација има и вакви работни места за клетите комуњари. Неколку пати ме праќаја на работа во Рек-Битола и потоа пак ме враќаја назад.

Би можело да ве интересира

„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидите, побарана одговорност за смртта на Билјана

Протест против фемицид и институционално насилство во Скопје – „Жените продолжуваат да бидат убивани“

А1он

Споменик на Јонче Христовски поставен во Старата чаршија во Битола

А1он

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

Антонио Јолевски назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола на местото на Пецо Везировски, кој е осомничен за поткуп