(ВИДЕО) Ѓоргиевска: Груевски, каде Ви се вработувањата?

Од:

Вечерва во Битола на Граѓанскиот парламент зоруваа незадоволните граѓани од оваа власт.

„Јас сум Билјана Ѓоргиевска, невработена, самохран родител, мајка на студент и една средношколка. Долги години работев во една од подобрите приватни фирми во градот, фирма која оваа власт ја доведе до пропаѓање и на улица ќе остави 150 работници.

Сакам да ја прашам оваа вкаст, поточно Груевски, каде им се вработувањата, каде го гледаат намалувањето на навработеноста, кога постојано се затвораат фирми кое не сакаат да бидат нивни полтрони и со тоа им ја уништуваат перспективата на вработените. Со оглед на владиното раскачашено трошење, можеби, се намалила невработеноста? Ама во Скопје! Но, со сигурност тврдам дека во многу градови од внатрешноста, невработеноста стана заразна, посебно за граѓаните кои не се припадници на ВМРО – ДПМНЕ.

Се фалат вработиле 600 луѓе во Рек Битола. Еве ќе ви ја кажам мојата приказна за тие вработувања. Во очај, од еден од битолските газди чија фирма има добиено тендер во РЕК, побарав помошза вработување на мојот син, А од него добив договор дека без партиска на ДПМНЕ не може да го стави на списокот, иако има соодветно образование. Значи оваа држава за нас е маќеа, а за ВМРОВЦИЕ мајка.

Што да направам јас за да обезбедам посигурна егзистенција за моите деца? Каде да се обратам за помош? Се прашувам дали владините медиумски мегафони Сител, Канал 5 и МТВ ќе ја актуелизираат мојата, но и социјална приказна на другите семејства кои не се членови на ВМРО? Или по налогќе си молчат и ќе ни прикажуваат лажна вистина.

Е па г-дине Груевски, ние граѓаните од внатрешноста, кои не сме дел од вашата администрација, немаме ниту пари за автобуска карта до Скопје за да можеме да скршиме по едно парче од вашите споменици, кое нам ни припаѓа, Но, за жал парите ни ги потрошивте а каменот не може да се јади.

Затоа ве повикувам вас, граѓаните на Македонија, да дадеме отпор и да изджиме со нашата борба до крај, се додека овај ненароден режим не замине во историјата и со тоа да му отстапи место на иднината, Сојузот за иднината“, рече таа

Би можело да ве интересира

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

Првомајскиот протест ќе биде со барања упатени до новата влада

А1он

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он