Европа треба да одлучи самата кој влегува на нејзина територија. Приливот на мигрантите може да ги поткопа мирот и благосостојбата на континентот. Ова го изјави канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, во рамки на вториот ден од Конференцијата за безбедност во Минхен, пренесува „Тасс“.
„Арапската пролет во Персискиот залив стана зима, во Африка постои тензија поради миграцискиот бран, кој има огромен конфликтен потенцијал“, истакна Курц.
„За мир и просперитет во Европа, ние треба да ги заштитиме надворешните граници“, рече канцеларот и додаде дека доколку не го направиме тоа, светот ќе биде загрозен.