Димитров: Барањето на Грција е име со јасна дистинкција меѓу државата и регионот Македонија

Од:

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во емисијата „Панорама“, што се емитуваше синоќа на бугарската телевизија БНТ1 повтори дека не може да зборува какво име договараат Македонија и Грција. Рече дека иако знае дека интересот на јавноста за ова прашање е големо, сепак, не може да открива детали.

„Знам дека главен интерес на јавноста е тоа, но колку повеќе кажуваме јавно толку повеќе ги намалуваме шансите на процесот. Така што не можам многу јавно да зборувам за тоа. Може да кажам дека имаме две цели – едната е таа што ѝ потребна на Атина да има јасна диференцијација или динстинкција меѓу државата Македонија и регионот на Македонија во Грција, а втората цел е тоа да се направи на достоинствен начин, двете страни кога ќе се поздравиме да можеме да се разделиме со исправени глави“, рече Димитров.

Тој истакна дека името Македонија мора да остане. „Премиерот рече: ‘Ќе кажам дека можеби можеме да размислуваме за географска одредница’, но тука стави точка“, вели Димитров.

Македонскиот шеф на дипломатијата вели дека Македонија прави сè за да се надминат разликите во спорот за името и дека постои надеж дека и од другата страна има голема волја.

„Не е лесно. Прашањето е многу тешко. Проблемот е стар колку што е стара нашата независност од 1991 година. Неретко беше злоупотребуван за домашни политики, но ние како што излеговме од кризата чувствуваме дека има една шанса. Многу сме благодарни на соседна и блиска Бугарија што вниманието во Европа го сврте на Балканот и сакаме таа шанса да ја искористиме“, вели Димитров.

Би можело да ве интересира

Димитров: Лага е дека историските прашања не се во рамката, предлогот е апсолутно истиот

Ландов

Османи удри по Димитров: Ти прифати Илинденското востание да се преименува во Илинден-Преображение

Македонски дипломатски синдикат до Димитров: Пустошот што го остави тешко дека ќе можe да се поправи следните неколку години

Ана Ололовска

Милошоски: Неморално e Димитров сега да зборува за можен нов штетен договор со Бугарија

Ана Ололовска

Османи бара фер однос од Димитров: Да им ја обезбедиме европската иднина на граѓаните која предолго само им ја ветуваме

Ана Ололовска

Груби: Нема потреба од недоверба кон Османи и Владата, со Бугарија се преговара транспарентно

Ана Ололовска