Крипто-валутата Битокон по две недели повторно успеа да се искачи над психолошката граница од 10 илјади долари.
Експертите предвидуваат дека овој раст над 10 илјади долари може да ги врати ентузијастите повторно да инвестираат во крипто валутите.
Биткоинот загуби речиси две третини од својата вредност откако го достигна историскиот рекорд од 20 илјади долари. Во остриот пад, криптовалутата падна и под 6 илјади долари.
Денеска Биткоинот достигна вредност од 10.044 долари.