Организаторите на Зимските Олимписки Игри во Сочи во 2014 година го промовираа олимпискиот факел, кој до почетокот на оваа спортска манифестација ќе го измине најдолгиот пат во историјата на олимпизмот. Олимпискиот пламен ќе стигне до највисоката руска и европска планина Елбрус, ќе отпатува и до Бајкалското езеро, исто како и на Северниот пол. Можеби ќе замине и во вселената.
„Патот на олимпискиот факел ќе биде најдолг во историјата на олимпизмот. Олимпискиот оган ќе ја посети највисоката европска планина Елбрус, потоа Бајкалското езеро, северниот пол, а се надеваме дека ќе отиде и во вселената“, рече претседателот на организацискиот одбор, Дмитриј Чернишенко.
Организаторите посочија дека основен фокус на олимпискиот факел ќе биде безбедноста, но и контролирањето на пламенот сооглед на зимските услови и „разните изненадувања кои ги крие руската зима“.
Факелот ќе го нозат 14.000 луѓе од 83 општини у 2.900 руски области, а штафетата ќе започне да ја мине својата дестинација четири месеци пред стартот на Игрите на 7 октомври годинава. За потребите на ЗОИ во Зочи беа потрошени 14 милијарди евра и Игрите ќе се одржат од 7 до 23 февруари.