Средба на Заев со заменик на главниот директор на ММФ: Реформските процеси водат кон ефикасна борба против корупција

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев придружуван од министерот за финансии, Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, денеска се сретнаа со Тао Џанг, заменик на главниот директор на ММФ, придружуван од Ричард Дорнбуш, втор извршен директор на ММФ и Јасмин Рахмен, шефица на мисијата на ММФ во Македонија.

На средбата е оценето дека се случуваат позитивни придвижувања во Република Македонија, фискална стабилност и реформски процеси за зајакнување на институциите.

-Определени сме кон одржување на фискалната стабилност во државата, а реформските процеси што водат кон ефикасна борба против корупцијата, привлекување странски инвестиции и поддршката на приватниот сектор со цел создавање стабилна клима за инвестиции очекуваме да резултираат со економски раст, рече премиерот Заев.

На средбата се посочени како важни капиталните инвестиции, вложувања во инфраструктурата и во енергетиката што влијаат на определбата на бизнисмените за инвестирање во Република Македонија и е констатирано дека тоа може да придонесе до посакуваниот економски напредок на државата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев