Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи

Од:

Во четвртиот квартал лани откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 3,9 проценти во однос на истиот период од 2016 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е евидентирани намалување за 6,2 процента, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство има зголемување за 31,7 проценти.

Зголемен е откупот и продажбата на земјоделски производи кај градинарските растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата, млечните производи и рибата, а е намален кај житата, индустриските растенија, фуражните растенија, грозјето и млекото.

Статистичките податоци на месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува намалување во октомври и во декември, додека во ноември е забележано зголемување.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници