Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство на македонските градежици лани изнесувала 2.306.602.000 денари, што е за 19,8 проценти помалку во споредба со 2016 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари-декември минатата година градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 1.557.662.000 денари, за 37,2 проценти помалку во споредба со истиот период од 2016 година.
Во минатата година е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Холандија.