Министерот Попоски се сретна со Санино

Од:

Генералниот директор за проширување на Европската комисија Стефано Санино, во рамки на неговата посета на Република Македонија, се сретна со министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој го презентирал Акцискиот план произлезен од позитивните оценки на ЕК за Пристапниот дијалог на високо ниво.

Попоски, како што соопшти МНР, го запозна соговорникот со чекорите и придонесот на Република Македонија кон соседните земји-членки на ЕУ, а во правец кон унапредување на соработката и задржување на кредибилитетот во европските интеграциски процеси.

Шефот на дипломатијата ја повторил заложбата и посветеноста за надминување на разликата околу името со нашиот јужен сосед и подготвеност за реализација на бројни иницијативи кои имаат за цел – засилена политичка и практична билатерална соработка.

Во однос на актуелната домашна политичка сцена, како што се наведува во соопштението, министерот Попоски ја нагласи неопходноста и важноста од институционален политички дијалог.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 отсто, инфлација 2,5 отсто

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски