(ВИДЕО) Стефан по стапките на Стевче: Карпош повторно ги собра осамените на ручек

Од:

По примерот на ексградоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски, сегашниот општински татко, Стефан Богоев, организира ручек со рози за осамените лица од неговата општина по повод празникот Свети Валентин. Само не беше ист ресторанот во кој се организира настанот.

Со тивка музика и призвуци на светски љубовни хитови, избрани повозрасни жители од Карпош, кои добиле покана од градоналачникот, го славеа денешниот празник. Богоев одеше од маса на маса и разговараше со осамените.

Богоев не гледа ништо спорно во тоа на овој начин да се прославува денешниот празник, напротив, вели дека ја продолжува традицијата на својот претходник. Во предизборната кампања Богоев тврдеше дека ќе биде поинаков од Јакимовски и со тоа ќе ги укине сите манифестации што претставуваат непотребен товар за Општината. Но, Св. Валентин ќе се одбележува, иако градоначалникот не кажува колку пари ќе потроши.

„Ние добар дел од средствата што беа за одбележување на денот на општината ги преиначивме. Добар дел од возниот парк го преполовуваме и средствата ги преименуваме за возило за одржување на хигиената во општината. Сметајќи дека од овој настан нема да излезе некој голем трошок, а се работи за поголема група наши сограѓани, одлучивме да го спроведеме овој настан. Се откажуваме од големи, скапи и гламурозни настани. Овој не е таков, ова е дружба што нема да чини многу“, вели Богоев.

На ручек со Богоев не можеа да дојдат сите граѓани на општината бидејќи критериумот бил жителот да биде сам, па според листата на осамени лица од општина Карпош, биле испраќани и поканите.

„Колку ќе чини овој настан, не знаеме. Медиумите ќе бидат известени дополнително. Ова е рамка предвидена во буџетот, која не мора да значи дека ќе се потроши. Ние имаме објавено јавна набавка за вакви настани, вклучително и коктели, која не мора да се искористи. Не е страшна цената. Повеќе е симболика отколку гламур“, додава Богоев.

На менито имаше шведска маса каде што беа послужени разни видови јадење, од канапеи и ордевери со сувомесни производи до разни видови салати и месо. На крајот Богоев и тимот на Општина Карпош на присутните им поделија рози.

К. Ландов

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира