Отстранет дел од лавината на патот Маврово-Дебар

Од:

Во близина на манастирот Свети Јован Бугорски вечерва поради лавина дојде до прекин на сообраќајот на патниот правец Маврово-Дебар. Екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен, а местото каде што се урна лавина од снег го посети и градоначалникот на општина Маврово –Ростуше, Медат Куртовски.

Тој изјави за „Макфакс“ дека патниот правец поради лавината бил во прекин 50-тина минути, по што екипи на Македонија пат отвориле само една коловозна лента со цел сообраќајот да се деблокира.

Екипите на Македонија пат продолжуваат да го чистат патот. Раководителот на пунктот на претпријатието во Дебар, Деар Лимановски, информираше дека и во претходните години на истото место се случувале лавини. Инаку, денеска поради голем дефект на регионалниот далновод без електрична енергија е регионот на Долна Река.

КМ

Би можело да ве интересира

Јакупоски: Маврово-Ростуше ќе ја направиме општина која ќе служи како сервис на граѓаните

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Сообраќајот на регионалниот пат Никифорово – Леуново – Бунец e во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја

Горан Наумовски

Утрово најстудено во Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка

Да се остранат возилата на патот скијачки центар Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново повика „Македонија пат“

На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36