„Ај Кју“ (Eye Cue) ќе биде македонски претставник на Евровизија, која ќе се одржи во Лисабон во мај. Членовите ќе ја пеат песната Lost and found. Автор на песната е Бојан Трајковски, а продукцијата е на Дарко Димитров.
На јавниот повик што го распиша Македонската радио-телевизија пристигнаа 382 песни од домашни и странски автори, а жирито составено од музички новинари и преставници на јавниот сервис ја избра песната на „Ај Кју“ како наш претставник.
Македонија во Лисабон ќе настапи во првото полуфинале што ќе се одржи на 8 мај.