Забрана за движење на тешки товарни возила кон Пресека и Буково, како и кон граничниот премин Ќафасан

Од:

Поради обилните снежни врнежи на подрачјето, СВР Охрид презема засилени мерки за безбедност и контрола на сообраќајот и спроведува мерки за забрана на движење на тешки товарни возила кон планинските премини „Пресека“, „Буково“ и кон граничниот премин „Ќафасан“.

„Напоменуваме дека забрана за движење кон планинскиот превој „Буково“ важи и за патничките моторни возила. Во таа насока, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, поставија сообраќајни контролни пунктови кај „Подмолје“ на магистралниот пат Охрид-Кичево и кај „Емо“ во близина на селото Косел на магистралниот пат Охрид-Ресен.

На овие патни правци не се дозволува движење на тешки товарни возила а посебно напоменуваме дека забраната за движење се однесува и на патничките моторни возила. Поради тоа, а со цел избегнување на несакани последици, апелираме на исклучива нужност во користењето на патничките автомобили а кон споманите патни правци и целосно почитување на важечките забрани за движење на тешките и други моторни возила и секако почитување на инструкциите и насоките на полициските службеници кои се на терен. Воедно, потсетуваме дека за сите моторни возила неопходно е носење и користење на зимската опрема“ се вели во соопштението на МВР:

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски