Кривична пријава за ветувања за лажни вработувања во МЗ

Од:

МВР до Основното јавното обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Е.С.(36), поради наводи дека од јуни до август минатата година ветувала вработувања на повеќе лица, за што земала паричен надомест во изност од околу 150.000 денари.

Е.С.,лажно повикувајќи се на лица на високи позиции во Министерството за здравство на Република Македонија, ги довела во заблуда оштетените, ветувајќи им дека нејзина помош за краток временски период ќе бидат вработени во Министерството за здравство.

За услугите, пријавената од оштетените во повеќе наврати барала парични средства во висина од 12.000 до 24.000 денари со изговор дека парите и биле потребни за трошоци околу набавка на потребна документација за вработување, односно за систематски и психолошки прегледи.

Делата се извршувани на идентичен начин. Таа на оштетените им ветувала дека ќе ги вработи во Министерството како преведувач од англиски на македонски јазик, референт во Министерството, потоа како медицинска сестра во Одделот за максилофасцијална хирургија или како акушерка, и во еден случај ветила работно место – лаборант во Одделението за трансфузиологија.

Откако оштетените сфатиле дека станува збор за измама, случаите ги пријавиле во полициска станица.

Е.С. е повикана на разговор во полициска станица бидејќи постојат основи за сомнение за сторени четири кривични дела за измама, кои се казниви по член 247 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Таа ги признала кривичните дела и го појаснила начинот на извршување, а по ова оштетените пријавиле во полициска станица дека парите им биле вратени во целост, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско