Високи дипломати од Чешка и Словенија во посета на Македонија

Од:

Заменик министерот за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Република Чешка, Јакуб Дур и државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Словенија, Изток Мирошич ќе допатуваат денеска во заедничка работна посета на Република Македонија.

Тие ќе имаат средба со државниот секретар во македонското МНР, Виктор Димовски при што ќе разговараат за интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО, внатрешно-политичката состојба во земјата и односите со соседите.

Како што соопшти македонското МНР, во рамките на посетата, високите дипломати од Чешка и Словенија ќе остварат средба и со заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Дур и Мирошич ќе одржат и заедничко предавање пред студентите од отсекот за политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија