Улични кражби во Тетово

Од:

Два случаи на грабеж на минувачки низ Тетово регистрилала полицијата во текот на вчерашниот ден.

Како што информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, при првиот случај околу 6 часот и 20 минути додека одела на работа по улицата „Никола Тесла“ тетовчанката В.П(58) била пресретната од непознато лице, кое насилно се обидел да и ја одземе чантата.  Напаѓачот извадил нож и и се заканил дека ќе го употреби.

– Во чантата таа имала здравствени и банкарски картички, лична карта и една платежна картичка, изјави Јосифовски.

Вториот сличен настан бил забележан околу 13 часот на улица „Маршал Тито“ при што на жителката на Тетово М.Б(49) и се доближило непознато лице и веднаш и го грабнало паричникот по што брзо избегало. Во паричникот таа имала 100 евра, 200 денари, лична карта и платежна картичка. И двата случаи биле пријавени во полицијата која работи на откривање на идентитетот на сторителите.

Би можело да ве интересира

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар