(ВИДЕО) Божиновски: За 100 дена Димитриевски не реши ниту еден проблем на граѓаните на Куманово

Од:

Игор Божиновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека иако Зоран Дамјановски – Циц веќе не е градоначалник на Куманово, навиките останале исти и Максим Димитриевски за 100 дена не реализирал, ниту отпочнал барем еден проект за граѓаните.

– За 100 дена Максим Димитриевски не успеа да направи ништо. Ветувањата останаа само ветувања, а проектите не се ни во план да се реализираат од општината и градоначалникот.За 100 дена Максим Димитриевски освен сликање по парадирачки тековни настани, не успеа да реши ниту еден проблем на граѓаните. Куманово стана град кој е неподнослив за живеење од секој можен аспект, а животот во селата е застанат како во 18тиот век. Граѓаните таму немаат основни услови за живот, рече Божиновски.

Тој додаде дека Димитриевски и СДСМ ветуваа живот за сите, а живот дошло само за партиските војници.

– Во општина Куманово владее партиски и семеен непотизам и се вработуваат само партиски војници на СДСМ.Проблемот со загадувањето за кој Димитриевски ветуваше дека ќе се реши веднаш по неговото доаѓање на функција, е поголем проблем за граѓаните од било кога. Куманово е позагаден град од било кога. Аерозагадувањето руши рекорди во цел свет, а кумановчани се трујат и гушат во смог. Станавме рамо до рамо со најзагадените градови во светот. Дивите депонии никнуваат на секој чекор во градот. Нема чистење на речното корито. Нема дислокација на големата долгогодишна депонија. Нема чистење на мини депониите низ целата општина. Депониите шират миризба и бактерии кои се опасни по нашето здравје и здравјето на нашите деца, рече Божиновски.

Според него, сообраќајниот хаос ескалирал, а Куманово бил небезбеден град за граѓаните, возачите и пешаците.

– Урбаната мафија царува и понатаму, а не е преземен ниту еден чекор од новиот градоначалник за нејзино сузбивање. Градењето без план е огромен проблем со кој се соочуваат граѓаните. Нема отворање на нови работни места, невработеноста од ден на ден расте, а привлекување инвестиции е само мисловна именка. Очигледно е дека работата на Максим Димитриевски не е во полза на граѓаните. Единствено е во негова лична полза и во полза на партиските интереси. Недомаќинското владеење само продолжува да го уништува градот и да ги принудува луѓето да се иселуваат од Куманово. За жал граѓаните повторно се изманипулирани и ќе мораат да го трпат уште неколку години ова расипничко владеење на СДСМ, рече Боживноски.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ