(ВИДЕО) Груевски: Ова е брука од суд

Од:

„Ова е брука од суд. Против мене се води политички процес“, рече поранешниот премиер Никола Груевски на крајот од денешното рочиште за предметот „Тенк“ за набавката на „мерцедесот“ од 600.000 евра.

„Ова е политички процес против мене, како и сите обвиненија на СЈО. Не сум изненаден што не ни ги прифативте приговорите“, рече Груевски. На ова судијката Добрила Кацарска го опомена Груевски да не зборува за политика во судницата. „Јас не би ја мешал политиката да не е ова политички процес. Може и новинарите да станат вештаци. Ова е брука од суд“, рече Груевски. Тој побара одговори од судијката зошто се одбиени приговорите за бомбите како доказ и за вештачењата на СЈО.

Претходно неговиот адвокат Димитар Дангов побара од судијката утре да не се одржи рочиште. Според адвокатот, било нечовечки Груевски во шест дена секој ден да се појавува на судењата што се водат против него. Судијката го прифати барањето и следното рочиште за „Тенк“ го закажа в петок. Исто така, судот на денешното рочиште ги одби сите 5 приговори на одбраната.

В. М.

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски