Во четири прилепски села водата неисправна за пиење

Од:

Од Центарот за јавно здравје во Прилеп информираат дека водата на четири мерни места во четири села не е исправна за пиење.

Во селото Волково и во Мало Рувци водата не е исправна за пиење во два приватни објекта, а во Чумово и Прилепец според извршените анализи, водата која што тече од јавните чешми, не смее да се користи за пиење. Медицинските експерти препорачуваат водата од овие мерни места задолжително да се преврива најмалку 10 минути пред употреба.

Општина Прилеп во четирите населени места денеска ќе достави известувања според препораките на Центарот за јавно здравје, со цел да се превенираат несакани последици по здравјето на жителите.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена