Германија ќе му подари уште 16 возила на МВР

Од:

Нови 16 возила Германија ќе му подари на македонското Министерство за внатрешни работи. Возилата ќе бидат наменети за Одделот за гранични работи и миграција во рамки на министерството.

Од МВР информираат дека утре заменик амбасадорот на Германија во Македонија, Марко Акватичи, ќе му ја врачи донацијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Во февруари, минатата година, Германија донираше четири возила „Дачиа Дастер“ за истиот оддел во македонското министесртво.

Тогаш, германската амбасадорка во Македонија, Кристина Алтхаузер, истакна дека донацијата е со цел зајакнување на техничките капацитети на граничната полиција за нејзино полесно функционирање според современите професионални стандарди.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници