Пријава за прилепчанец кој малтретирал куче

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе известување против лицето М. М. (56) од Прилеп поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело -„мачење животни“ по чл.233 од КЗ на РМ.

Имено, по поднесена телефонска пријава од граѓанин во ПС-ОН Прилеп, преземени се мерки за расветлување на настанот при што е констатирано дека на 07-ми овој месец, околу 11,00 часот, на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, поточно кај тезгите за чистење на чевли, пријавениот дошол со куче непозната раса, кое го имал кај себе повеќе денови.

По извесно време а под дејство на алкохол, осомничениот земал црвена боја од боите за чевли и почнал да го бои кучето и да се изживува врз истото, што кај граѓаните предизвикало чувство на револт и вознемиреност.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници