Седми состанок меѓу Министерствата за надворешни работи на Македонија и Грција

Од:

На 9-ти февруари, 2018 година, во Скопје, Република Македонија и Грција ја одржаа седмата рунда на консултации во врска со Мерките за градење доверба (МГД).

Состанокот претставуваше продолжение на пријателскиот и конструктивен дијалог за различни области од заеднички интерес, во поддршка на напорите на Владите во создавањето на позитивна политичка клима во билатералните односи меѓу двете земји.

Свој придонес во дискусијата дадоа и експерти од соодветните национални институции.

Усогласените области на соработка вклучуваат проекти за поврзување, полициската соработка, европските програми, културата, образованието, цивилната заштита, јавната администрација, здравството, соработката меѓу дипломатските академии, како и реализацијата на бизнис иницијативи. Соработка беше иницирана и во областа на сеизмологијата, а беше парафиран и Меморандум за разбирање за соработка на полето на цивилната заштита, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Следниот состанок ќе биде одржан во Атина.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија