Судовите да ги почитуваат праксите на ЕСЧП за притворот

Од:

Македонските судови во однос на притворот треба да ги почитуваат праксите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), сметаат претставниците на Институтот за човекови права (ИСП), Македонското здружение на млади правници и Институтот за европска политика кои денеска го презентираа вториот мониторинг извештај „Реформи во судството – октомври – декември 2017“ во рамки на проектот „Заедничка акција за итни реформи во судството“.

Во текстот се бара да се обезбеди брзо извршување на сите пресуди на ЕСЧП против државата особено преку воведување практични и ефективни мерки за секоја категорија на случаи.

Неизвршувањето на одлуките на судот во Стразбур има негативно влијание на заштитата на човековите права. Во извештајниот период ЕСЧП донела две пресуди и тоа за Православната Охридска Архиепископија против РМН и Крастановски и други против РМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски