(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Прилеп не е во најзадолжените 20 општини во Македонија

Од:

„Се ближи Прочка и веќе ја имаме маската на годината само за 4 месеци! Ја заслужи градоначалникот на Прилеп во краток период.Се што кажа за овие 4 месеци, а и во предизборието, излажа!
На неговите лаги повеќе не верува ни скапо платениот Пи Ар тим. Дали е вистина г-дине Јованоски дека за тие тројца луѓе граѓаните на Прилеп од општинската каса издвојуваат 72.000 денари месечно?

Овие 3 пи ар експерти му напишале дека Прилеп е најзадолжена општина во РМ со 3,5 милиони евра и дека заради таа презадолженост тој тешко ќе функционирал. Но бидејќи ретко е во градов,заборавил дека постои министерство за финансии и официјални податоци! Еве ја табелата од министерството за најзадолжени општини со точен редослед и сума на долгови, а во текот на вчерашниот ден беше објавена од страна на весникот „Капитал“.

На оваа листа се објавени 20 најзадолжени, а Прилеп го нема на листата од Тевдоски. Општина Дебар е 20та со 1.2 милиони долг, значи по умот и пресметките на Јованоски и по неговиот обид да ја лаже прилепската јавност,Прилеп би требало во неговите желби да е многу погоре на таа листа.Но за негова и за жал на пи ар експертите кои го заглавуваат во жива кал од лаги секој ден не е така!

Следниот пат му предлагаме да се фокусира на ветеното и да се зафати за работа! Да ја намали водата за 20%,да вработува по критериум квалитет како што вети, а излажа,да го гасифицира Прилеп,да направи затворен базен,нов театар и многу други ветувања. Да го потсетиме дека благодарение на него Прилеп повеќе нема ракомет! Јованоски за 4 месеци го уништи Прилеп! Лагите и манипулациите придонесуваат секој ден да расте бројот на разочарани од него! Ако тој сака од оваа функција да се пензионира и ужива,да го потсетиме дека Прилеп не е за во пензија!! Прилеп е град кој почна да се развива и треба да го продолжи тоа! Но,за жал Јованоски веќе покажа како се уништува европски град“ изјавија од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Демири: Над 70% од граѓаните живеат со под 500 евра плата месечно, тоа е понижување

Мисердовска: СДС и Венко Филипче на Чучер Сандево, гледаат како на свој партиски бунар за црпење пари, затоа и како свој кандидат за градоначалник повторно го предлагаат Сашко Комненовиќ

Мицевски: Филипче не смее да побара оставка од тепачот Акиов, се плаши ли дека ќе проговори за нивната врска?

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите на СДС и Филипче се деца на Заев

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДС