Општина Карпош: Велосипедот треба да биде замена за моторните возила

Од:

Денеска, на интернационално ниво се одбележува Денот за возење на велосипед во зима, (Winter Bike to Work Day). По тој повод, Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, заедно со претседателот на Советот, Андреј Манолев и советникот Владимир Кроневски, се приклучија на оваа активност и на работното место пристигнаа со својот велосипед.

Во таа насока, Општина Карпош ги повика сите граѓани, карпошани да дојдат до своето работно место, училиште или факултет, со велосипед.

Целта на оваа глобална иницијатива е да се подигне јавната свест за зголемено користење на велосипедот како превозно средство. Во време кога сме соочени со големо загадување на амбиенталниот воздух, велосипедот треба да биде замена за моторните возила.

Затоа и Општина Карпош, оваа година започнува да субвенционира купување на нови велосипеди. Поголемата достапност на ова превозно средство овозможува повеќе граѓани да го користат велосипедот и на директен начин да придонесат во намалување на загадувањето.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот