Димовски на средба на Мешовитата македонско-косовска експертска комисија во Приштина

Од:

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, ја предводеше македонската делегација на состанокот на Мешовитата македонско – косовска експертска комисија за отворање на нов Заеднички граничен премин наменет за меѓународен патен сообраќај “Белановце – Станчиќ”, кој се одржа 7 и 8 февруари 2018 година во Приштина.

На состанокот, двете делегации информираа за тековните активности поврзани со издавањето на одобрение за градба на заедничкиот објект на овој Граничен премин.

Воедно, беше постигнат договор и за претстојните чекори кои ќе овозможат побрзо започнување со изградба на објектот кој е од значење за населението од двете страни на границата.

За време на престојот во Приштина, Димовски оствари средба и со генералниот секретар во косовското Министерството за надворешни работи Фитим Садику, како и со Алберт Вецка, Претседател на Друштвото Горани Македонци кои живеат во Косово.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија