Започна акцијата за генерално чистење на општината Сарај

Од:

Во текот на денешниот ден започна акцијата за генерално чистење на општината Сарај, во којашто ќе земат учество ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“-Скопје.

Акцијата ќе трае во текот на претстојните неколку дена и ќе ја опфати целокупната територија на општината Сарај, а во нејзиното спроведување дневно ќе бидат ангажирани вкупно 70 работници, додека од механизацијата ќе се употребуваат: три специјални комунални возила – метлачки, три специјални комунални возила – патарки, две цистерни, еден втоварувач, еден кипер со носивост до 10 тони и два кипера со носивост до 20 тони.

Акцијата ја најавија градоначалникот на општината Сарај, Блерим Беџети, директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“-Скопје, Ардијан Муча, нагласувајќи дека ова е само една во низата претстојни акции за генерално чистење коишто ќе се реализираат во скопските општини со цел – подигнување на нивото на хигиената и чистотата, во рамките на интервентните мерки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во главниот град, соопштуваат од ЈП „Паркови и зеленило“.

Би можело да ве интересира

Се истепале двајца вработени во основно училиште во Сарај

Отворен пункт за лични документи во Сарај

Насилници со метални предмети истепале малолетници кои биле на екскурзија во Сарај

Горан Наумовски

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Инцидент во Сарај: Маж со пиштол пукал кон познаник

Мотоцикл удрил во дете од селото Љубин, сопственикот тврди дека самото се удрило

А1он