Заев со претставници на Сојузот на борци од НОВ: Владата ги почитува и негува историските вредности и ги поттикнува младите генерации да ја чуваат вековната желба за своја држава

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со д-р Никола Стојановски, претседател на Сојузот на борци од Народно-ослободителната антифашистичка војна на Македонија, Проф. Трајко Стаматовски, претседател на Градскиот одбор на Сојузот и потпретседателот Борко Зафировски.

– Ние како Влада, сме должни да оддаваме почит кон тие што се заслужни за создавањето на нашата држава и да ја почитуваме таа генерација, учесници во НОВ, како еден од најзначајните периоди во историјата на Република Македонија – рече премиерот Заев на средбата со претставниците на Сојузот на борците од НОАВМ.

Присутните, го запознаа премиерот со проблемите со кои се соочуваат поради немање соодветен простор и финансии за одржување на нивните секојдневни активности, кои се насочени кон враќање и продолжување на традиционалните вредности и стремежи, кои како порака ги пренесува НОВ.

Премиерот Заев искажувајќи разбирање за проблемите, го нагласи значењето на Сојузот на борците од НОАВМ и истакна дека државата е должна да се грижи младите луѓе во Македонија да се воспитуваат во духот на почитувањето на историските вредности.

Истовремено, премиерот Заев повтори дека во Буџетот на РМ се предвидени средства за Сојузот на борците, додавајќи дека тоа ќе се прави и во иднина, додека за просторот се разменија неколку мислења за да се најде соодветно решение.

– На нашите средби разговараме за дневните и државните политики, отвораме дебати, ве поддржуваме во напорите да изнајдете решенија за надминување на проблемите и за остварување на стратегиските интереси, како што се евро-атлантските интеграции – му порачаа присутните на претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев.

Претставниците на Сојузот на борци од НОАВМ го поканија премиерот на една од тие отворени дебати и тој со задоволство прифати.
Премиерот Заев оцени дека граѓаните на Република Македонија благодарејќи на борците од НОВ, ја добија својата држава и тоа ги задолжува идните млади генерации да бидат поддржувачи на оваа организација за да ја чуваат и унапредуваат традицијата и заветот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски