Бабата на Себастијан Курц по потекло од Србија

Од:

Најмладиот канцелар во историјата на Австрија и Европа, Себастијан Курц, е поврзан со Балканот. Тој има семејни врски со Србија. Ова е откриено во биографската книга на 31-годишниот шеф на австриската дипломатија, што ја напиша германскиот новинар Паул Ронцхајмер.

Книгата „Биографија“ пружа интересен увид во животот на Курц и неговиот политички пат до врвот на партијата и Владата. Авторот го прикажува како извонредна појава на европската сцена.

Неговото детство го одбележало животот помеѓу Виена и еден селски имот каде што живееле неговите дедо и баба.

Бегалската проблематика е позната во семејството бидејќи неговата баба е по потекло од Србија, Војводина, од каде избегала за време на Втората светска војна. По распадот на Југославија и војната на овие простори, родителите на Курц во 1990-та година примиле во нивниот дом бегалци од Босна. Курц, како што стои во книгата, заедно со нив учел германски, си играл или одел на базен.

На основа на ова искуство тој, според авторот на книгата, никогаш не сеел омраза кон странците, ниту, пак, имал нереален пристап во интеграцијата на бегалци и мигранти, туку неговата стратегија е повеќе прагматична.

Курц на 16-тата година од својот живот се приклучил кон Народната партија.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски