Средба на Мицкоски со Претседателот на Републиканската Партија Падучик

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамките на неговата посета на САД оствари работна вечера со Претседателот на Републиканската Партија Боб Падучик. Падучик пред стапувањето на оваа функција ја водел кампањата на Доналд Трамп во сојузната држава Охајо која се смета за клучна во неговата победа на Претседателските избори во САД.

Претходно тој ја раководел кампањата и на поранешниот Претседател Буш во 2000 и 2004 година.
На средбата се разговараше за понатамошното развивање на стратешките односи на Република Македонија со САД како и поддршката за реформи во Република Мекедонија од страна на Американската администрација. Падучик нагласил дека

Републиканската партија останува посветена на Евроатланската интеграција на Република Македонија.

На средбата се потврди потребата за понатамошна соработка помеѓу Републиканската партија и ВМРО-ДПМНЕ како идеолошки сродни политички партии.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче