Прва награда за самурајски филм на режисерска од Македонија

Од:

Самурајскиот филм „Пурпур и злато“ (Purple and Gold) по сценарио  на македонската режисерка Андријана Цветковиќ освои прва награда во категоријата краткометражен игран филм на фестивалот IAFOR – FilmAsia Open Film Competition 2012.

Сценариото на филмот победи на интернационален конкурс за краткометражен филм што го организираа филмските студија во Јапонија, и беше снимено во познатото филмско студио Шочику во Кјото во 2010 година како самурајски филм (јидаигеки-посебен филмски жанр во Јапонија).

– Овој жанр се смета за еден од најтешките за снимање, па од тие причини ретко се избира сценарио напишано од автор кој не е од Јапонија. Снимен е на јапонски јазик, со интернационален продукциски тим и видни јапонски актери. Постпродукцијата на филмот  заврши во 2011 и премиерно беше прикажан на Интернационалниот филмски фестивал Хисторика во Кјото. Приказната е инспирирана од Македонија, со мотиви блиски до светот на македонските легенди и митови, изјави режисерката Цветковиќ.

Таа е и доктор на науки од областа на филмската уметност. Седум години живее во Јапонија, а од оваа година ќе биде визитинг-професор и научен соработник на престижниот Кјото универзитет, во Центарот за азиски студии.

Би можело да ве интересира

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“

ВИДЕО: Жена се затрча кон Анџелина Џоли, обезбедувањето веднаш реагираше

„Мала грешка“ – нова меѓународна копродукција на филм која ќе се снима во Македонија

Култниот „Андалузиски пес“ на Буњуел го отвора 4. издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Златниот лав“ го доби филмот на Алмодовар, за многумина е крајно контроверзен

Предраг Петровиќ

Контроверзен филм кој беше награден во Венеција со 17-минутен аплауз

Предраг Петровиќ