Димитров на 14. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – РМ и ЕУ во Стразбур

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска, во Европскиот Парламент во Стразбур ќе учествува во работата на 14-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија – Европска Унија.

Мешовитиот парламентарен комитет е форум на меѓу-парламентарна соработка предвиден со Спогодбата за асоцијација и стабилизација помеѓу Република Македонија и Европската Унија.

Министерот Димитров ќе има излагање во рамките на воведната сесија „Размена на мислења со Владата на Република Македонија, со Европската комисија и Европската служба за надворешни работи (EEAS) за односите меѓу Европската Унија и Република Македонија.“

Министерот Димитров ќе оствари и средби со пратеници во Европскиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија

Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник за Европска Унија

Гатилов: Европа создава свој нуклеарен штит поради сомневања за САД

„Фајненшл тајмс“: ЕУ размислува да се откаже од големите пакет – санкции против Русија