(ВИДЕО) Дутерте нареди со булдожер да се уништат шверцуваните луксузни возила

Од:

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте нареди да се уништат запленетите шверцувани луксузни возила. Тој лично го надгледуваше процесот за уништување на возилата вредни околу 1,2 милиони долари.

Уништени беа 29 шверцувани возила, вклучувајќи модели на Бе-Ем-Ве, Јагуар, Мерцедес-Бенз и Корвета. Тие беа уништени со булдожери.

Погомеиот дел од автомобилите беа уништени во Бирото за царина во Манила, каде што присуствуваше и Дутерте.

Седум возила беа уништени во Давао и три во Цебу.

Со уништувањето на возилата филипинските власти сакаа да испратат порака дека ќе се борат против шверцувањето на возило.

– Сакате да увезувате автомобили? Платете ги давачките прво. Отсега ќе стане пракса да се уништуваат шверцуваните луксузни возила, изјави Дутерте.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски