Салах Абдеслам (28), единствениот преживеан член на келијата на Исламска држава, која изврши терористички напади во Париз 2015 година, при што загинаа 130 лица, одбива да се појави на судење в четврток, соопшти денеска судот во Брисел.
Абдеслам на вчерашното судење во Белгија се бранеше со молчење и тоа беше прво негово појавување во јавност. Тој одби да одговори на кое било прашање поврзано со престрелката со полицијата во Брисел во март 2015 година, што доведе до негово апсење.