Стефано Санино во посета на Македонија

Од:

Директорот на генералниот директорат за проширување на Европската комисија, Стефано Санино денеска е во работна посета на Македонија.

Санино ќе има средби со претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски и со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Како што информираат од Министерството за надворешни работи, Попоски пред Санино ќе ги образложи постигнатите реформи во Република Македонија кои придонесоа ЕК по четврт пат да ја потврди препораката за почеток на пристапните преговори на нашата земја за членство во ЕУ.

Министерот Попоски ќе го запознае соговорникот и со резултатите од последната посета на медијаторот Метју Нимиц на Скопје, како и со активностите кои Република Македонија ги презема во насока на промовирање на добрососедските односи.

Санино ќе има средба и со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Би можело да ве интересира

Европските „осум“ моќни држави ѝ порачаа на Америка: Вашите закани би можеле да доведат до опасна ескалација

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд

Европа се подготвува да испрати војници на Гренланд

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

Европската Унија го укина роамингот за Украина и Молдавија

Медведев: Украинскиот народ стана „топовско месо“ за европската цивилизација