Отворена е дисциплинска постапка за инцидентот со пендрекот во Oдделението за прекршоци

Од:

Претсeдателот на кривичниот суд, Иван Џолев изјави дека за Горан Стаменковски е отворена дисциплинска постапка за инцидентот со судијата Владимир Панчевски. Земени се изјави и од Панчевски и од судијата, како и од двајца службеници кои биле присутни на настанот.

„За однесувањето на судијата, може да расправа само Судскиот совет“, рече Џолев.

Инцидентот меѓу поранешните блиски соработници, експретседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски и Горан Стаменковски, раководител на секторот за човечки ресурси во судот се случи на 18 јануари годинава.

Панчевски до полицијата поднесе пријава дека изутрината во 9.30 часот, во неговата канцеларија број 61 во Одделението за прекршоци, влегол Стаменковски и почнал вербално да му се заканува.

Додека Панчевски тврди дека бил вербално нападнат, пцуен и навредуван од Стаменковски, овој го тврди спротивното, дека случајно за време на ревизијата влегол во канцеларија во која бил Панчевски и оти веднаш штом го видел на вратата, му се втурнал со пендрекот и го искошкал надвор, без да го удри.

В.М.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО