Мицкоски во посета на САД

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со партиска делегација во која се Влатко Ѓорчев, Тимчо Муцунски и Слободанка Алексовска ќе остварат неколкудневна работна посета на Вашингтон САД.

Во текот на посетата претседателот Мицкоски ќе реализира повеќе средби со претставници на Белата Куќа, Стејт Департмент и членови на Претставничкиот дом и Сенатот. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ќе се обрати и на Безбедносниот форум организиран од членови на американскиот Сенат, а воедно ќе присуствува на Молитвениот појадок кој се одржува под покровителство на Претседателот на САД Доналд Трамп.

Предвидена е и реализација на средби со претставници на македонската дијаспора во САД. Престојот во Соединетите Американски држави ќе се искористи за остварување на меѓународни контакти, зацврстување на односите на ВМРО-ДПМНЕ и лобирање за државните и национални интереси на Република Македонија.

По скорешните посети на Брисел, и Будимпешта, престојот во Вашингтон преставува продолжување на интензивната меѓународна активност на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче