Еден загинат и 900-тини повредени од обилниот снег во Јапонија

Од:

Еден човек загина, а 890 се повредени во јапонската престолнина и нејзините околни префектури заради силните снежни врнежи, пренесоа светските агенции.

Жртвата е колпортер на весници, кој се лизнал и лошо ја удрил главата. Повеќето настрадани се здобиле до скршеници по замрзнатите улици, соопшти денеска локална телевизија.

Заради лошото време запрено е движењето за некои учесници на 12 магистрални патишта на главниот остров Хоншу. Практично не работи токискиот градски систем од брзи патишта, каде се расчистуваат мостовите.

Над 4.000 лица минатата ноќ ја минаа на токискиот меѓународен аеродром „Нарита“, затоа што заради силните снежни врнежи беа откажани 71 летови, пренесоа американските медиуми.

Аеродромските власти на блокираните патници им делеа вреќи за спиење, вода и солени бисквити. Рано утринава речиси сите летови беа обновени.

Во Токио вчера паднаа осум сантиметри од првиот снег сезонава. Времето го отежна движењето и предизвика доцнење на возовите. Компанијата „Јапонски железници“ соопшти дека од денеска нејзините возови се движат според возниот ред.

Би можело да ве интересира

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снежна бура во САД, издадено предупредување за над 60 милиони луѓе

(ВИДЕО) Силно невреме во САД, има мртви и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снегот го блокира Балканот: 10 часа семејства со деца биле заглавени во Босна

Катерина Ѓуровски