Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „приредување на игри на среќа без лиценца од надлежен орган“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.А.(30) од Струга.
Истиот, неовластено и спротивно на одредбите од Законот за игри на среќа, во објект во селото Делогожда протиправно организирал игри на среќа. На 27.12.2017 година по изготвен план од страна на криминалистичката полиција и инспектори од УЈП, извршени се контроли во објекти во кои се приредуваат игри на среќа и затекнат е пријавениот како приредува игри на среќа без да поседува потребни документи и лиценца.