Односите помеѓу Република Српска и Србија се најдобри од кога постои Српска и Договорот за специјални и паралелни врски со Србија, оценува претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
Според него важен е ставот на Србија и претседателот Александар Вучиќ дека го почитуваат Уставот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и дека ја сакаат Република Српска. Додик стакна дека никогаш не почувствувал притисок од официјален Белград.
– Тоа е многу добра рамка, рече Додик, притоа отфрлувајќи ги коментарите од странски дипломати и претставници на меѓународната заедница дека е под голем притисок и влијание од претседателот на Србија и дека наводно се би направил што Вучиќ ќе побара од него.