Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро повторно се кандидира за претседател на предвремените избори што ќе бидат организирани околу 30 април.
Владејачката Социјалистичка партија денеска официјално ја соопшти неговата кандидатура.
Мадуро, чијашто партија победи на локалните избори во декември, неодамна изјави дека опозициските партии која не учествувале на локалните избори ќе бидат исклучени од претседателските избори во земјата, додавајќи дека тоа е еден од критериумите на Уставотворното собрание.
Венецуела со месеци се наоѓа во длабока политичка и економска криза.