ВИДЕО: Вреќи со гипс паѓаат од студентскиот дом „Гоце Делчев“

Од:

Од една од зградите на студентскиот дом „Гоце Делчев“ вчера е забележано како од најгорниот спрат се фрлаат вреќи полни со гипс картон. Отпадот го фрлаат мајсторите кои моментално работат на реновирање на студентскиот дом во кој студентите живееа во нечовечки услови.

Освен што треба да погледнувате лево и десно кога поминувате некаде, не е на одмет да погледнете и нагоре зошто еве кај нас вака се работи… ??? Не знам како да ја објаснам сериозноста на ситуацијава, само ќе ви кажам дека уште имам бело на чизмите од огромниот гипс што за ептен малце ќе ми паднеше на глава. Мајсторите уште викаа како ние да сме криви што поминуваме на патека која што нит има жолта лента, ниту знак, ниту пак било какво предупредување. Секој ден од тука поминуваат луѓе, деца, студенти и само се прашувам кај кого би ја барале одговорноста ако некој загине од безвезе. Стефан Богоев

Posted by Nina Anicin on Четврток, 01 февруари 2018

Местото каде паѓаат вреќите со гипс не е обележано или заградено, односно не се преземени никакви безбедносни мерки и прописи за заштита при работа, па прошетката околу студентскиот дом може да биде кобна за некој случаен минувач.

Граѓаните изреволтирани од овој несовесен гест на работниците, бараат надлежните органи навремено да преземат нешто во врска со овој случај додека се уште нема настрадани.

Би можело да ве интересира

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје