Специјалниот американски пратеник за Северна Кореја, Џозеф Јун денеска изјави дека сите опции се на маса за решавање на проблемите со Пјонгјанг.
Тој во Токио наведе дека САД бараат мирно решавање на кризата и оти дипломатијата е посакувана опција.
– Нашата политика е повеќе за мирно решавање на севернокорејската нуклеарна криза. Повеќе пати кажавме дека сакаме дијалог. Исто така, кажавме дека сите опции се на маса, а во сите опции спаѓа и воена операција. Но, не верувам дека сме блиску до тоа, истакна Јун.