Санино утре пристигнува во Скопје

Од:

Генералниот директор за проширување на Европската комисија, Стефано Санино утре пристигнува во Скопје. Санино во Скопје ќе има средба со министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој како што најави МНР, ќе му ги „образложи постигнатите реформи во Република Македонија кои придонесоа ЕК по четврт пат да ја потврди препораката за почеток на пристапните преговори на нашата земја за членство во ЕУ“.

Попоски, тврди МНР, ќе го запознае соговорникот и со резултатите од последната посета на медијаторот Нимиц на Скопје, како и со активностите кои Република Македонија ги презема во насока на промовирање на добрососедските односи.

Би можело да ве интересира

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација